.. И така ви велам,се живее но како да не се живее, во такво мало место преполно со луѓе со незнам колку лица кои се занимаваат со небитни нешта. Но ете, ќе навикнеме и на такви нешта, нешта што и не се толку неопходни а некому тоа им е животот. Постојано се бара повеќе и повеќе, но во ред е тоа да го бараш сам од себе, а не тоа да го бараат другите од тебе. И кога и да се свртам позади мене таму секогаш има некој, но на различен начин. Има луге кои се позади мене за да ми дадат подршка, а други пак се таму можеби затоашто се плашат да ми застанат на патот и само ме следат. Онаква каква што сум, не очекувам да ме прифатат веднаш, тоа е исто како што и јас не ги прифаќам нив. Тоа ти доаѓа како реванш.
Monday, July 5, 2010
Sunday, July 4, 2010
ЗА ТАКСИСТИТЕ-Дел 1 (први)
Муабети што се шират од сепаре на сепаре,од маса на маса,од стол на стол (ама потешко тоа)... и што? Каде би не примиле такви? И сто пара наочари да ми дадат нема да можам да забележам ништо друго освен простотилукот содржан во оваа хомогено-хетерогена смеса од резили,позери, успешни луге, интелектуалци во обид (само на хартија), мои врсници понесени од гордоста кои тврдат дека токму тие виделе многу во животот... И секој ден повторно таа истата приказна !
Празен град 1 дел
Како и секое делчевско утро се будам по навика со отварање на очите најпрво како е редот, лево па десно. Ова утро ми се чини плафонот некако повисок од претходно. Отпосле забележувам дека сум паднат од креветот и лежам на подат, се чуствувам поинаку, во топ форма сум. Кај е за мене кревет си велам?Си имам проблем не за друго!...
ГРАД СО ГОЛЕМИНА НА ОРЕВ ВО ДЕЛЧЕВО
Замелоушен од вревата на градскиот трамвај, ја поминувам улицата, од сите страни внимавајки да не ме стропа некоја лека кола (модерно автомобил) од безбројните што ги има низ градов. Река велосипедисти ми се уфрлаат у кадар во моментот штом си ја само дури замислив велосипедската патека. Чекајки да поминат овие млади спортисти-професионалци, еве ти еден безначаен рекреативец по нив со мопед кај каска по, со жолта линија обележаниот асфалт.
Subscribe to:
Posts (Atom)