.. И така ви велам,се живее но како да не се живее, во такво мало место преполно со луѓе со незнам колку лица кои се занимаваат со небитни нешта. Но ете, ќе навикнеме и на такви нешта, нешта што и не се толку неопходни а некому тоа им е животот. Постојано се бара повеќе и повеќе, но во ред е тоа да го бараш сам од себе, а не тоа да го бараат другите од тебе. И кога и да се свртам позади мене таму секогаш има некој, но на различен начин. Има луге кои се позади мене за да ми дадат подршка, а други пак се таму можеби затоашто се плашат да ми застанат на патот и само ме следат. Онаква каква што сум, не очекувам да ме прифатат веднаш, тоа е исто како што и јас не ги прифаќам нив. Тоа ти доаѓа како реванш.
Кревам глава и фаќам ново такси. Средена, скоцана, онака како никогаш до тогаш , влегувам во друго такси. Повторно е 5 сабајле, а јас имам нова мисија со иста цел : Да променам нешто! И кога таксистот почнува да ми прави муабет додека ме носи до нашата автобуска станица (пред еден од кафе-баровите во градов) која постои фигуративно, јас се расонувам и во главата фаќам последни блиц инсерти од градот за денеска. Плаќам повторно,но овојпат го земам кусурот. Стигнувам навреме, имам впечаток дека автобусот мене ме чека (оо да,баш мене). Се качуваат пред мене уште двајца други, некои познати фаци. Јас си терам по свое, ,,ме занима само мојот филм,, . Седнувам и се чуствувам некако убаво,како никогаш пред тоа. Но сега е автобус, не е такси. И додека патувам се нижат слики,не бев ни свесна колку нешта во градот ќе ги мрднам од мртва точка со тоа обично возење во автобус. Каде сум тргнала ако не во нашата метропола, минаа неколку часови и се вратив назат пак, некои луѓе од тогаш многу ми недостасуваат, друго нешто беше оној чекор што сама го направив, и третото нешто со кое се вратив беше масната коса (чистиот воздух си го прави своето) . Повторно сум дома, а нешто ме гуши, и пак такси. Вообичаено распрашување на кое сум навикната, луѓе гладни за нови нешта и информации од прва рака, тие знаат се што се случува, и конечно возач кој прв започна муабет. И тоа каков... на каков што сме навикнати сите ние. Што? Како? Каде? Зошто? И што потоа? ....
Оние кои ќе се препознаат во ова горе напишаното нека ми се обратат (ако воопшто прочитаат). Ако не пак, нека знаат дека додека сум овде, ќе ја искористувам сета сила што ми е на располагање, и нема да дозволам работите кои ги мрднав од мртва точка да се вратат од таму од каде што тргнале. Овде зборувам со ЈАС , бидејки навистина јас го направив тоа и ако некој не е свесен тоа е негов проблем, но само последниот таксист од тројцата знае каква се вратив овде. Му благодарам.
No comments:
Post a Comment