Авторско укажување

Сите содржини објавени на овој Блог се сопственост на нивните автори. Секакво копирање, превземање и неовластено користење е забрането и казниво според законите на Р.М.

Sunday, July 4, 2010

ЗА ТАКСИСТИТЕ-Дел 1 (први)

Аха да,кој би рекол? Ма не,не е можно ! Како? Сешто ке видиш и ке чуеш... Гледај го/ја бе .... и слично. 
Муабети што се шират од сепаре на сепаре,од маса на маса,од стол на стол (ама потешко тоа)... и што? Каде би не примиле такви? И сто пара наочари да ми дадат нема да можам да забележам ништо друго освен простотилукот содржан во оваа хомогено-хетерогена смеса од резили,позери, успешни луге, интелектуалци во обид (само на хартија), мои врсници понесени од гордоста кои тврдат дека токму тие виделе многу во животот... И секој ден повторно таа истата приказна ! 
Секое утро се будиме на ист начин,ние одлучуваме што потоа но истовремено за своите грешки бараме алиби за одбрана во она што ни е пишано од горе,со еден збор судбина. 
Ми се има случено да прошетам во 5 сабајле.. тогаш местото во кое живеам најмногу го сакам. Се враќам за саат време дома, се туширам,легнувам и пак заспивам. Одпосле кога ке се разбудам повторно,не чуствувам замор бидејки сум шетала низ моите соништа. И пак е реалноста на сцена, пак си правам филм како да преживеам и денес во својата кожа, барајки начин како да СЕ докажам и да СИ докажам дека не е се толку досадно. Можеби нема да ви се поверува, ама решив да сменам нешто на себе прво, а потоа што можам ке сменам и на другите. Бегам кај фризерот, ми прави нова фризура, плаќам и пак бегам. Потоа одам на кафе-муабет кај другарка: нова облека, симпатии, проблеми дома... вообичаени мали нешта со кои женскиот мозок може да се оптеретува. Малце уморна, а сум на другиот крај од градот, ретко земам такси, но ете и тоа се случува. Се качувам, шоферот намуртен, нормално како и секој на 40 степени. Тишина, нешто кое ме убива онака до крај ! Едвај издржав до дома, вадам пеесетка и велам : Повелете,имајте убав ден, и многу ви благодарам на удобното возење. Ме погледнува накриво и ми враќа кусур десетка. Се насмевнувам, Во ред е -велам јас, задржете ги. Она со удобното возење може да биде сватено како иронија, но повторно грешка! Тоа го направив со надеж дека ке се сети на наредниот патник кој што брза од некаде и сака да опсуе се околу себе, да му прозбори два убави збора. Така тој кој што патува ако е професор на пример, кога ке оди на работа позитивната енергија да ја пренесе и на оние кои само празно гледаат во него и одат на училиште само за да имаат распуст (ги има многу) .
Продолжува... во наредниот број. (упс пардон -Во наредната статија)

1 comment:

Најава на настани

Овде ке бидат најавувани настани и активности на општина Делчево кои претстојат во иднина.

Најава на настани 2

Овде ке бидат најавувани настани и активности на општина Делчево кои претстојат во иднина.

Најава на настани 3

Овде ке бидат најавувани настани и активности на општина Делчево кои претстојат во иднина.

  © Општина Делчево Официјален Blogger Креирано од: Анастасов Кирчо/Anastasov Kirco Јуни 2010

Back to TOP